Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, пристигна денеска во Приштина по повод одбележувањето на 20-годишнината од влезот на НАТО силите во Косово.
Тој беше дочекан на аеродромот од страна на косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли.
– Добредојдовте помеѓу вашето семејство во Косово, господине претседателе – напиша Пацоли на „Фејсбук“.
Клинтон престојува во хотел во центарот на Приштина, што го обезбедуваат полициски силли.
Попладнево тој ќе се состане со косовскиот претседател, Хашим Тачи и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.