Тројца нови истакнати демократи повикаа на импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако првиот човел на Специјалниот совет Роберт Милер за првпат официјално се огласи по истрагата за руското мешање во кампањата на сегашниот претседател, јавува Би-би-си.
Во вчерашната изјава, Милер рече дека неговата истрага не го ослободила Трамп од наодите дека сторил опструкција на правдата, што е контрадикторно на тврдењата на контроверзниот лидер на најмоќната земја на светот.
Милер имаше задача да истражи дали имало руско мешање за време на претседателската кампања на републиканецот во 2016 година. Тој во својата изјава додаде дека обвинение за претседател кој е на функција не било опција за него.
Прашањето околку импичментот ја подели Демократската парија, со зголемен број на пратеници кои се свртеа против спикерката на парламентот Ненси Пелоси, и поголем дел на истакнати демократи. Пелоси досега се спротиставуваше на оваа идеја, објаснувајќи дека таа би била непродуктивна.
Но, најновите забелешки на Милер го предизвикаа приклучувањето на три водечки демократи и можни претседателски кандидати на следните избори во 2020 во САД, кон бројните повици за импичмент, зголемувајќи ја бројката на вкупно 10 од 23 можни претседателски кандидати кои ја поддржуваат оваа идеја.
Како одговор на забелешките на Милер, демократите Кори Букер, Кирстен Гилибренд и Пит Батигиг за првпат јавно повикаа на импичмент на Трамп.
Исто така, повици за импичмент има и од републиканската партија, со изјавата Џастн Амаш, кој кажа дека сега „Конгресот е на потег“.
Американскиот претседател пак, во свој стил на Твитер, одговори дека нема докази против него и затоа според американското право, „секој е невин додека не се докаже спротивното“.
Тој дополни дека ова е „лов на вештерки“ против него од страна на демократите. Во меѓувреме, прес-секретарката на Белата куќа, Сара Сандерс, кажа дека „по две години, специјалниот обвинител треба да продолжи со животот, и тоа треба да го направат сите други засегнати со оваа работа“.
How do you impeach a Republican President for a crime that was committed by the Democrats? WITCH-HUNT!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 30, 2019