Еден од фаворитите за нов премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, ќе мора пред суд да одговара за обвиненијата дека лажел за брегзит кога рекол дека Велика Британија ќе биде побогата за 350 милиони фунти за една недела кога ќе излезе од ЕУ.
Окружната судијка Маргот Колман пресуди дека поранешниот министер за надворешни работи и градоначалник на Лондон треба да одговори на обвинувањата дека извршил три кривични дела на злоупотреба на јавната функција.
Колман наведува дека обвиненијата не биле докажани, но смета дека Џонсон треба да биде прелиминарно сослушан и дека случајот потоа ќе биде доставен до Кралскиот суд, пренесува „Ројтерс“.
Тужбата беше поднесена од страна на групата „Брегзит правда”, тврдејќи дека Џонсон свесно давал лажни информации за трошоците на британското членство во ЕУ пред референдумот и изборите во 2017 година.
Адвокатот на Џонсон вели дека овој случај е покренат исклучиво од политички причини.