Наместо со солзи радосници, како што вообичаено идејниот творец на Детското ликовно студио Коста Хаџи – Антоновски ги пречекуваше младите ликовни уметници од цел свет, тој денеска со солзи на очите зборуваше за големите финансиски проблеми со кои се среќава на два дена пред орворањето на ликовната колонија „Мали битолски Монмартр“
Без ниту еден денар добиени од Министерството за култура кои годинава одобрија само скромни сто илјади денари, Детското ликовно студио го пречекува најновото издание на „Малиот битолски Монмартр“.
– Средствата до ден денес не се пристигнати ни од една ни од друга страна, ние го обжаливме решението на Министерството за култура и се уште немаме никаков одговор. Тие 100. 000 денари што ни ги доделија и тие не се пристигнати. Ако чекавме тие средства да ги добиеме, верувајте немаше да се одржи „Малиот битолски Монмартр“ – рече со солзи во очите Коста Хаџи Антоновски, раководител на Детското ликовно студио.
Оваа светски призната ликовна манифестација ќе се одржи благодарение на спонзорите битолските хотелиери и угсотителите кои ширум ги отворија своите објекти за да се пречекаат гостите кои веќе почнаа да пристигнуваат во Битола.
Инаку на конкурсот за годинешното издание на „Малиот битолски Монмартр” беа пристигнати над 15.000 цртежи на 337 училишта од 35 држави, а од оваа неисцрпна ризница, најдобрите творби ќе бидат поместени на Интернационалната изложба, за која, Министерството за култура не одобри ни еден скршен денар.
На годинашната Манифестација се очекува учество на над 100 учесници од над 20 држави во светот.
М.М.