Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја предупреди Русија да не се меша во претседателските избори во 2020 година.
Помпео, кој пристигна во земјата во вторникот за разговори со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека „мешањето во американските избори е неприфатливо и ако Русите го направат тоа во 2020 година, тоа ќе ги донесе нашите односи на уште полошо место отколку досега“.
-Нема да го толерираме тоа. Нашите избори се важни и свети и тие мора да бидат слободни и фер, додаде тој.
Сепак, за време на прелиминарните разговори, Помпео и Лавров се согласија дека мора да постои поширока соработка меѓу САД и Русија.
-Одржавме искрена дискусија за многу прашања, вклучувајќи и за многу нешта за кои не се согласуваме. САД се подготвени да најдат заеднички јазик со Русија, рече Помпео.
-Ова беше искрен и корисен разговор. Јасно е дека нашите односи биле и подобри и дека постои потенцијал за взаемно корисна соработка, кој во голема мера останува неискористен- истакна Лавров.
Тој рече и дека се надева дека ваквата бурна ситуација ќе стивне и двете земји конечно ќе можат да продолжиме да градат попрофесионален и конструктивен дијалог.