Властите во Северна Кореја одлучија од 5 мај да се поместат стрелките на часовниците за 30 минути понапред за да биде државата во иста часовна зона со Јужна Кореја, јавија севернокорејски медиуми.
Иста часовна зона беше догорена за Корејскиот полуостров на средбата меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 27 април.
Северна и Јужна Кореја беа иста часовна зона до 2015 година кога Пјонгјанг воведе своја – 30 минути назад во однос на Сеул.