Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера вечер, заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение во црквата Свети Григориј Палама и Димитриј во Струмица.
Во продолжение Ви го пренесуваме текстот од честитката којашто Премиерот Заев ја упати до сите верници по повод Велигден:
-Сакам да им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници коишто овие денови го празнуваат Велигден- упати честитка премиерто Заев до граѓаните на Македонија.
Воскресението Христово, рече Заев, ја симболизира победата на животот над смртта и ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со коишто се соочуваме сите ние граѓаните.
-Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување и секако ја користам приликата да им го честитам на сите христијански верници Христовото воскресение, како најголем празник којшто го славиме Христијаните- рече премиерот Заев.