Во познатата катедрала Нотр Дам во Париз денеска изби пожар, соопштија претставници на противпожарните служби, јави Би-Би-Си.
Во тек е голема операција за гаснење на огнот, а портпаролот на институцијата на Твитер напиша дека областа е расчистена од луѓе.
Засега не е позната причината за пожарот, но се претпоставува дека е можно да е поврзано со реновирањето на катедралата.
Градоначалникот на Париз потврди дека голем пожар ја зафатил Богородичната црква и упати апел луѓето да стојат понастрана и да не им пречат на пожарникарите.
Фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат како излегува густ чад над 850 години старата готска градба.
Минатата година, Католичката црква во Франција упати итно барање за финансиски средства за спасување на катедралата, која почна да се урива.