На лидерот во италијанската Серија А, Јувентус му беше потребен само бод од гостувањето против Спал за освојување нова, осма шампионска титула, но најверојатно ќе мора да причека до сабота и до мечот со Фиорентина, бидејќи загуби со 1-2. За Спал тоа беше прва победа на Јувентус по 1957 година, во Втората лига!
Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри пред реванш-мечот против Ајакс во Лигата на шампионите (ЛШ) во вторник одмораше повеќе стандардни првотимци, меѓу кои беше и Кристијано Роналдо. Стартната постава на Јувентус беше најмладата во последните 20 години, во просек 25 години и 104 дена, а центархалфот, 17-годишниот Паоло Гоци Иверу, стана најмладиот што сезонава настапил на меч во Серија А.
Уште еден тинејџер, 19- одишниот Моис Кин, си обезбеди место во историјата на Серија А. Тој е најмладиот фудбалер што постигнува гол на четири меча во низа (седум на 11 натпревари сезонава) со што го надмина Марио Балотели, кој во 2009-та постигна гол на три меча едноподруго.
Од преселбата на новиот стадион во 2011-та, Јувентус освои седум титули едноподруго, вкупно 34.