Општината Карпош деновиве интензивно работи на подобрување на уличната инфраструктура. Градежниците вчера работеа на асфалтирање дел од улицата Бранислав Нушиќ, во Карпош 1, и тоа на потегот од улицата Гиго Михајловски до улицата Иван Аговски.
Како што информираат од општината, асфалтирани беа 315 квадратни метри од делницата, а локалната самоуправа информира дека во текот на денешниот ден, ќе продолжи реконструкција на другиот крак на улицата Бранислав Нушиќ во делот од Иван Аговски до улицата Никола Тесла.
Увид во градежните работи на терен изврши градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев, заедно со претставници од Одделението за комунална инфраструктура. Овие инфраструктурни активности на општината Карпош се дел од буџетските програми за тековната 2019 година, а имаат за цел да ја зголемат безбедноста и да ја подобрат состојбата на сервисните улици.