Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа повеќе пати истакна дека насилство веќе нема да биде дозволено и оти сите оние кои ќе прибегнат кон насилство ќе бидат приведени во истиот момент.
Вучиќ им порача на граѓаните дека не треба да се плашат од никого, бидејќи никаде повеќе нема да биде дозволено насилство.
– Во истиот момент ќе бидат приведени сите кои ќе применат сила. За ова прашање повеќе нема да има разговори- рече тој.
Српскиот претседател во интервју за телевизијата „Пинк“ за политичките противници рече дека имаат фрустрации, затоа што не можат да го победат ниту во едно село.
Од Вучиќ беше побарано да ги прокоментира луѓето кои се против него, а кои го советуваат премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и други.
– Не постојат лични односи. Тие немаат некоја голема лична омраза. Тие имаат само фрустрации, истакна Вучиќ.
Тој потсети дека пред четири години Ѓорѓе Вукадиновиќ изјавил оти почнал падот на Вучиќ, бидејќи опозицијата победила во две села, а сега кога СНС победи, вели, не ни објавуваат.
-Не можат да победат никаде, ниту на едни избори- потенцира српскиот претседател.
Тој истакна дека знаат оти не можат да ја добијат довербата на народот и затоа имаат таков вид на фрустрации.
Вучиќ рече дека против него е направена коалиција на тајкуни и дека е покрената медиумска машинерија.
– Видов луѓе во Претседателството. Имаше храбри, но и оние што беа исплашени. Се работи за обични луѓе, професионалци, кои биле таму и пред мене. Тие се тресеа од страв. Одев од канцеларијата до канцеларијата и им реков дека не треба да се плашат-нагласи Вучиќ.