Кинеската компанија „Хуавеи“ соопшти дека ги тужи САД поради забрана на федералните агенции да ја користат опремата на тој технолошки гигант.
– Конгресот на САД никогаш не беше во состојба да обезбеди какви било докази за да ги оправда своите ограничувања за производите на „Хуавеи“- изјави Гуо Пинг, еден од ротирачките претседатели на компанијата.
По повод тужбата, Гуо изјави на прес-конференција во Шенжен дека „Хуавеи“ е принуден да преземе такви чекори.
Гуо, исто така, ги обвини САД за хакирање на серверот на „Хуавеи“ и кражба на мејлови.
САД ја ограничија употребата на „Хуавеи“ и лобираа кај сојузниците за да ја избегнуваат кинеската телекомуникациска компанија.
Тужбата е дел од напорите на компанијата во последниве месеци да ги оспори тврдењата дека нејзините производи претставуваат безбедносен ризик.