Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини повторно е на удар на критиките бидејќи денеска го цитираше контроверзниот американски поет, симпатизер на фашистите Езра Паунд.
– Ако човек не сака да преземе некаков ризик за своите идеи или неговите идеи се безвредни или тој е безвреден- објави Салвини на Твитер над слика со орхидеја.
Според пратеникот од партијата на левиот центар Бранд Бенифи, пораката е испратена до неонацистичките гласачи. Тој, исти така, го нарече Салвини кукавица.
Паунд бил воодушевен од фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини и преку радио коментари ги критикуваше САД и Евреите за време на Втора светска војна. Тој е уапсен пред крајот на војната од страна на американските власти под обвинение за предавство.
Италијанската најистакната неофашистичка група – Каса Паунд, името го доби по американскиот поет.
Не е првпат Салвини да цитира контроверзни историски личности. Тој во јули минатата година беше критикуван оти го цитираше Мусолини.