Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до пет степени, а дневната температура од шест до 17 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната температура до 13 степени.
Од понеделник повторно ќе преовладува стабилно и потопло време со слаб до умерен југозападен ветер.