Саше Љолес неодамна го промовира својот проект „Љолес“, кој е негов авторски проект, како и песната насловена „Градот“.
Автор на музиката и на текстот е самиот тој, во аранжманот учествуваа Ади Имери, Симон Пеоски, Влатко Јаневски и Саше Љолес. Песната е продуцирана, миксана и мастеризирана од Ади Имери.
– „Градот“ е песна за Скопје, нашиот животен сопатник, нашиот најдобар другар и тивок убиец. На песната работевме околу два месеца, од почетната верзија до финалниот продукт. Темата на песната е инспирирана најмногу од актуелните проблеми со загадувањето, кои за жал никако не се решаваат, и му е посветена на градот Скопје, градот во кој израснавме, се оформивме, созреавме. Работиме и на нов сингл, кој наскоро треба да се појави во етерот. Идејата е да се комплетира албум до крајот на 2019 година. Се надевам дека ќе успееме и дека наскоро ќе можеме да го презентираме материјалот пред публиката – изјави Љолес.