Десет камиони денеска префрлија ирачки и странски борци на ИД и нивните семејства во Ирак, во рамки на предавање на воени заробеници на Сириските демократски сили со американска поддршка на ирачката војска, соопшти локален градоначалник.
– Повеќето од нив се Ирачани и конвој, кој е под најстроги мерки, тргнува кон воените бази Џазира и Бадија, изјави Ахмед ал-Махалави, градоначалник на ирачкиот град Ал Каим.
Двете воени бази се сместени во покраината Анбар.