Педесет и тригодишен пешак од скопското село Буковиќ синоќа загина откако во него удрило возило на автопатот „Мајка Тереза“.
– Синоќа околу 20:55 часот на автопатот „Мајка Тереза“ во атар на село Буковиќ, скопјанецот А.А.(23) управувајќи патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Б.И.(53) од село Буковиќ, Скопско. Во незгодата пешакот од здобиените повреди починал на местото на настанот – соопшти МВР.