Досегашниот директор на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, за смената на директорското место информираше на својот фејсбук профил, а за нов в.д. директор е назначен д-р Нагип Зумбери.
-Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите заедно можеме МНОГУ. Чест и задоволство ми беше да бидам Ваш координатор, соработник, сопаталец, учител и водич.
Истовремено на новоназначениот в.д. директор д-р Нагип Зумбери, му посакувам многу успех, мудрост и верба во овој мал, но вреден колектив- напиша Беќаровски.