Oколу 11 часот денеска во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир, кога Ш.Ј.(58) и неговиот син Ш.Ј.(25) двајцата од кичевското село Зајас, започнале вербална расправа, а потоа со метални предмети физички ги нападнале Ф.А.(33) и Н.Б.(42) од Кичево.

-Двајцата биле пренесени во општата болница во Кичево, каде по извршените прегледи биле констатирани телесни повреди. По превземените мерки напаѓачите се пронајдени и приведени. По целосното документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР-Охрид.

Имено, нападнатите се сегашниот и поранешниот директор на кичевската гимназија „Дрита“, нападнати од поранешен вработен во ова установа.

З.А.