Целосното повлекување на САД од Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел (ИНФ) не најавува почеток на нова Студена војна, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Не мислам дека зборуваме за развој на настаните од Студената војна. Започна нов период, истакна Лавров.
Русија во саботата го суспендира почитувањето на одредбите од договорот за контрола на нуклеарното оружје од времето на Студената војна, бидејќи САД соопштија дека се повлекуваат од ИНФ, обвинувајќи ја Москва за негово кршење.
Вашингтон соопшти дека за шест месеци целосно ќе се повлече од Договорот, постигнат во 1987 година со тогашниот Советски Сојуз, доколку Москва не прекине со наводното кршење на ИНФ.