Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев најави дека ќе се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат.
Повеќе детали се очекува да соопшти попладнево на прес-конференција во Собранието на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на претседателски кандидати. Рокот за пријавување на огласот трае до крајот на месецов. Кандидатот за претседател на опозицијата ќе биде избран на 16 февруари на партиска конвенција во Струга.