Денес речиси нема семејство што не се соочило со некој вид рак кај блиските. Бројот на нови пациенти постојано се зголемува, па лекарите постојано испраќаат порака за важноста на секојдневното движење, поминувањето време во природа и здравата исхрана, бидејќи луѓето што повеќе се движат имаат повеќе енергија, што влијае и на општото задоволство и позитивниот физички, но и на психолошкиот однос кон животот.
Важно е придржувањето кон 12 препораки, меѓу кои се одржување здрава телесна тежина, здрава исхрана, физичка активност, избегнување тутунски производи. Ова е т.н. примарна превенција, чија цел е да не се добие рак, а тоа е најважно. Еднакво е важна и секундарната превенција, со која се применуваат одредени дијагностички методи со кои може да се открие ракот во неговата почетна, речиси целосно излечива фаза. Кога сите би ги следеле овие 12 витално важни препораки за превенција од рак, би имало 40 отсто помалку малигни заболувања, а значително би се намалила и смртноста.
1. Не пушете цигари и не консумирајте каква било форма на тутунски производи, вклучувајќи и е-цигари.
2. Направете го вашиот дом без чад и одржувајте средина без чад.
3. Одржувајте здрава телесна тежина.
4. Бидете физички активни.
5. Јадете здраво.
6. Избегнувајте прекумерно консумирање алкохол.
7. Избегнувајте прекумерно изложување на сонце и користете заштита.
8. Следете ги здравствените и безбедносните упатства за да избегнете изложување на канцерогени на работното место.
9. Откријте дали сте изложени на радон во вашиот дом и околина. Ако е така, дознајте кои мерки за превенција можете да ги преземете.
10. За жени: дојте го вашето дете.
11. За деца и млади: вакцинирајте се против рак предизвикан од вирусот на хепатитис Б и хуманиот папилома вирус (ХПВ).
12. Учествувајте во програми за скрининг и рано откривање рак.