Во 2011 година, Јапонија беше погодена од разорно цунами во кое загинаа околу 18.500 луѓе, а оттогаш земјата се обврза да спречи слични последици во иднина. Истражувањето на научната лабораторија за предвидување РИКЕН вклучува машинско учење за точно да се предвиди влијанието на цунамито за помалку од една секунда.
– Главната предност на нашиот метод е брзината на предвидување, која е клучна за рано предупредување. Конвенционалните модели на цунами даваат предвидувања по 30 минути, што е предоцна. Нашиот модел го прави тоа многу побрзо – вели истражувачот Ијан Мулија.
За да се постигне тоа, на брегот е инсталирана најголемата сензорска мрежа во светот, која го следи движењето на дното на океанот. Околу 150 офшор-станици ја сочинуваат оваа мрежа и работат заедно за да обезбедат рано предупредување за цунами. За да се постигне ефикасност, податоците собрани од сензорите мора да се интегрираат во височини и опсег на цунами по должината на брегот. Ова обично бара решавање серија равенки, што може да потрае околу 30 минути на стандарден компјутер. Јасно е дека луѓето во тој случај немаат доволно време да се евакуираат.
Според тоа, моделот РИКЕН АИ е од клучно значење за спасување животи, бидејќи им дава на луѓето најмалку половина час предност пред ударот на цунамито. Тимот на РИКЕН го „тренира“ својот систем за машинско учење користејќи повеќе од 3.000 компјутерски генерирани цунамија и го тестираше на уште 480 сценарија, како и на три вистински цунамија. Нивниот модел може да работи за сите природни катастрофи каде што времето е од суштинско значење.
Во 2021 година, во соработка со компанијата „Фуџитцу“, РИКЕН разви моќна алатка за вештачка интелигенција за предвидување поплави предизвикани од цунами. Во овој случај е користен Фугаку, најбрзиот суперкомпјутер во светот. Иако моделот бараше огромна моќ на Фугаку за да се „тренира“, тој беше дизајниран за употреба од стандардни компјутери што можат да прават предвидувања за неколку секунди.
Предминатата година, истражувачите смислија нов метод што открива цунами користејќи магнетни полиња, кои се создаваат со нивното движење низ водата. Овие магнетни полиња може да се откријат неколку минути пред да се подигне нивото на морето, што резултира со дополнително време за реакција и спасување животи.
И двата пронајдока се импресивни, но, сепак, не можат да се натпреваруваат со технологијата на РИКЕН. Сепак, методот во моментов е точен само за големи цунамија од повеќе од 1,5 метар. Мулија и неговиот тим сега работат на подобрување на прецизноста на технологијата и кај помалите цунамија.