Најдобрите научни приказни за годинава вклучуваат напредок на научниците од националната лабораторија „Лоренс Ливермор“ во енергијата за нуклеарна фузија, отворајќи го патот за потенцијален напредок во иднината на чистата енергија.
Експериментот во јули генерирал излив на енергија измерен на 3,88 мегаџули (MJ) откако 192 ласера донеле 2,05 мегаџули до целта. Вкупно 89 проценти повеќе енергија излегла од целта отколку што влегла во неа – што е еквивалентно на речиси две стапчиња динамит.
Резултатите од „Ливермор“ ги зголемуваат надежите дека фузијата еден ден може да генерира обилни количества електрична енергија без да произведува стакленички гасови.
Претходно во април, Европската вселенска агенција ја лансира својата сонда „Џус“ за истражување на системот на Јупитер. Се смета дека месечините на Јупитер, Ганимед, Европа и Калисто, имаат океани под своите површини. „Џус“ ќе ги истражува нивните скриени океани, ќе ги мапира нивните ледени школки и ќе ја истражи нивната внатрешност.
Во ноември Велика Британија ја одобри генската терапија како потенцијален лек за две наследни крвни заболувања.
– Ова е прв светски и значаен момент за истражувачите, лекарите и, пред сè, за луѓето со српеста анемија и бета-таласемија – рече професорот Јосу де ла Фуенте, консултант хематолог и директор на педијатриската БМТ-програма на „Империјал колеџ“ во Лондон.