Предностите на вежбањето пред огледало
Постојат низа причини зошто во повеќето вежбалници и фитнес-студија можете да забележите огледала на ѕидовите. Тие се таму заради подобрување на перформансите во текот на тренингот, но и како мотивација за што подобри резултати и следење на движењата на сопственото тело.
Вежбањето пред огледало може да изгледа и како минлива вљубеност во фитнесот или нарцисоидност, но факт е дека огледалата со децении се составен дел од танцовите и фитнес-студија.
Според порталот „Сајколоџи тудеј“, истражувањата покажуваат дека вежбањето пред огледало има и позитивни, но и негативни ефекти, зависно од разни фактори. Предностите се во тоа што ви помага да ја усовршите формата, да го поправите лошото држење, да го контролирате дишењето или да ги опуштите мускулите. Но огледалата може да го нарушат вашиот фокус и да предизвикаат да го пренасочите вниманието од чувството како се движи нашето тело на испитувањето како изгледа во движење. Сепак, предностите се повеќебројни, а освен веќе наведените, вежбањето пред огледало е добро бидејќи така се намалува ризикот од повреди, се подобрува мотивацијата, помага за свесноста за нашата положба во просторот и други придобивки.