Членови на кралското семејство, а особено кралицата, мора да носат комбинации во јаки бои за јавноста лесно да ги забележи во метежот
Светската јавност речиси секојдневно сведочи за формалните настапувања на членовите на кралското семејство на разни настани, а за да изгледаат беспрекорно секојпат следат строги модни правила, кои нема да го заобиколат ниту новиот член, Меган Маркл. Еве некои од правилата што треба да ги почитува Меган Маркл, според експертката за кралскиот кодекс на облекување, Александра Месерви.
Црната боја е забранета
Немојте да очекувате дека членовите на кралското семејство наскоро ќе ги видите во црно. Во кралското семејство, кога станува збор за црни комбинации можат да се носат само за искажување тага, иако принцезата Дијана ги практикувала во вечерните настани, како и војвотката Кејт Мидлтон.
– Забележав дека Меган Маркл одлучи да го заобиколи правилото на дневни настани, но на денешницава не се смета црното само за ноќна комбинација, сепак во кралското семејство се одбира само во време на жалење – изјави Александра Месерви, експертката за кралскиот кодекс на облекување.
Модни почести за меѓународни посети
Носењето облека со потпис на локалниот дизајнер или истакнување на бојата што ја симболизира земјата што ја посетуваат е честа практика за членовите на кралското семејство на меѓународни патувања.
– Членовите на кралското семејство честопати се обидуваат да им угодат на земјите-домаќини и да ги облагородат своите комбинации со детали како птица, цвет или боја што најдобро ја опишуваат земјата што ја посетуваат. Британската принцеза Дијана и Кејт Мидлтон беа брилијантни во тоа – рече експертката.
Вообичаените правила секогаш се применуваат
Избор на здолниште што е едноставно за движење, панталони што првенствено се наменети за секојдневни настани, шапка што не го прикрива многу лицето, чевли што се доволно удобни за да може да се стои во нив со часови – се само некои од правилата во кои членови кралските семејства треба да се придржуваат и традиционално да ги почитуваат, објаснува Александра.
Изразени бои
Членови на кралското семејство, а особено кралицата, мора да носи комбинации во јаки бои за јавноста лесно да ја забележи во метежот. Ова модно правило од кодексот на облекување исто така практична мерка за безбедност.
Смеат да се носат хулахопки во боја
И покрај многубројните медиумски написи дека хулахопките со боја на кожа се правило поставено од кралицата Елизабета, експертката Александра Месерви вели дека не е точно.
– Членовите на кралското семејство имаат слобода да изберат хулахопки во која боја сакаат, но практиката покажа дека оние со неутрална боја на кожата најдобро се комбинираат. Мислам дека во последниве години тие се одлучија да носат хулахопки оти голите нозе станаа неприфатливи – вели Месерви.
Без панталони на официјални настани
Никогаш нема да ги видите постарите членови на кралското семејство во панталони или во костим на официјални пригоди, иако војвотката од Глостер и кралската принцеза Ана успешно го заобиколиле ова правило неколкупати, како и Меган Маркл.
Кралското однесување е важно како и облеката
Кога љубителите на кралското семејство, ројалистите, се обидуваат да видат некои од членовите на кралското семејство, некогаш на членовите на кралското семејство им е тешко да се постојано насмеани и добро да се однесуваат.
– Членовите на кралското семејство мора да изгледаат впечатливо, и тоа е начин да им се восхитуваат оние што со часови и трпеливо ги чекаат – вели експертката.
Намерно фаворизирање на британските дизајнери
Членовите на кралското семејство, секогаш кога е можно, ја истакнуваат работата на британските модни дизајнери. Помладите членови на кралското семејство се обидуваат да најдат иновативни начини да ги истакнат сè уште недоволно познатите модни таленти, како што беше случајот со дизајнерите Вивиен Шериф и Џејн Тејлор. Дијана и Камила ѝ направија одлична услуга за британската модна индустрија, која продолжуваат да ја негуваат и помладите кралски генерации, вели Месерви.
Не смее да се носат кратки фустани
Членови на британското кралско семејство немаат право да носат фустани без ракави или прекратки здолништа и фустани, не се смета за пристојно.
Ткаенините се внимателно избрани
Секое парче за кралските посети е одбрано со големо внимание, а посебно внимание се посветува на видот на материјалот од кој се креира облеката.
– Грижата за кралската гардероба е многу важна, а кралскиот персонал прави неверојатна работа. И многу е важно да е долготрајна.
Најчестиот избор е облеката изработена од свила, која му помага на семејството да изгледа беспрекорно додека го фотографираат од разни агли – вели Александра.