Денес напладне во „Даутпашиниот амам“ во Скопје беше претставена втората книга на м-р Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска со наслов „Не ме викај аутист – моето име е Адам“.

Ова е нејзинино второ дело, бидејќи лани, на ова исто место ја промовираше и својата прва книга „Јас и аутизмот“.

Пред големиот број присутни, кои на тој начин сакаа да ја изразат својата поддршка за овој проект, бидејќи кај нас се ретки дела со ваква тематика, прва се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дрита Старова – Ќерими, а модератор на настанот беше м-р Маја Димитрова, едукатор при Национална галерија,која континуирано со години наназад реализира проекти во насока будење на свеста за аутизмот.

На настанот присуствуваше и сопругата на претседателто на државата, Елизабета Ѓоргиевска, како и актулената министерка за труд и социјала, м-р Јованка Тренчевск, која во свето обраќање посочи дека се прават напори за се поголема инклузија од најмала возраст на девата со посебни потреби во образовните установи во земјава.

Промотри беа проф Владимир Мартиновски, кој е и рецензент на книгата, д-р спец. Мервиса Драголовчанин, родена сестра на Аниса , лектор м-р Лорета Трајкоска и дефектолог Татјана Багеска, додека два раскази, на македонски и на босански јазик прочита лекторката Фатима Шкријељ.

Книгата содржи 21 кус расказ и може да биде убаво и поучно четивно и за деца и за возрасни, за помалите од најмала возраст да научат што е емпатија, а возрасните да разберата низ што се поминуваат родителите на атипични деца, во секојдневната грижа за нив, чија што основна цел е безгранична поддршка низ целокупниот живот на детето.

Авторката Аниса, на крајот во своето емотивно обраќање до присутнуите, меѓу другото истакна дека нејзiниот живот се дели на два периоди, до и пораѓањето на синот Адам, кој ја научил дека за неа и за нејзните најблиски, од кои секојдневно добива поддрша и огромни количества љубов, веќе не пости зборот невозможно во напорите да му го подобри животот на својот син.

Највпечатлив беше моментот кога Аниса пред присутните го претстави Мартин Терзиевски, кој му бил најдобар другар на Адам, кога посетувал основно училиште во Скопје, што е уште еден доказ дека децата се многу искрени и секогаш без предрасуди ги прифаќаат различностите.

Настанот беше збогатен со настапот на младиот Бора Акташ, кој свиреше на класична гитара.