Во издание на реномираната најстара албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана, деновиве, излегоа од печат албанските преводи на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев (превод: Џими Лазри) и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски (превод: Џемиле Зукај). Со овој нов превод, овие дела го продолжија успешниот преведувачки поход низ светот, со десетина преводи досега на балкански и светски јазици.
Уште од своите први објави, „Храпешко“ (2007) и „Човечулец“ (2011) предизвикуваат зголемено внимание кај странските издавачи, а нивните преводи се дочекуваат со интерес и внимание кај тамошната критика.