Фото: МТФ Војдан Чернодрински
Претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов на Театар „Комедија“ ќе биде изведена вечерва  на сцената на Центар за култура „Марко Цепенков“ во официјална програма на 58 МТФ „Војдан чернодрински“.
За оваа претстава кај прилепчани имаше голем интерес па влезниците беа распордадени уште пред една недела. Улогите ги толкуваат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Асен Алберто, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски.
„Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството.
Фото: МТФ Војдан Чернодрински
Во 22 часот,  театарот „Војдан Чернодрински“ на матичната сцена ќе ја изведе претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска. Играат: Катерина Чакмакоска-Клинческа (Кристина), Даниела Иваноска (Параскева), Димитар Ѓорѓиевски (Божо), Игор Трпчески (Јаков), Зоран Иваноски (Лудакот) и Михајло Миленкоски (Нове).
На полноќ на сцената 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе гостува Театар „Златен Елец“ со претставата „Кенди“. Улогите ги толкуваат Бобан Алексоски и Лео Поповиќ.
Во рамките на денешната програма на фестивалот во 11 часот беше  промовирана монографијата посветена на 75 години Кумановски театар. Веднаш потоа с еодржаа разговорите  на тркалезна маса со екипата на претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани. На фестивалот во тек е работилницата за млади новинари што ја реализира порталот Умно.мк.
Ка.М.