Британскиот бенд Спортс Тим откри дека биле ограбени со пиштол во вторникот во Калифорнија. Инди рок бендот, составен од вокалистот Алекс Рајс, гитаристот и вокал Роб Кнагс, гитаристот Хенри Јанг, басистот Оли Дјудни, тапанарот Ал Гринвуд и клавијатуристот Бен Мек, открија дека пиеле кафе во Старбакс кога ги известиле дека во тек е грабеж на нивното комбе со кое тргнаа на турнеја. Беше тоа утрото на првиот ден од американската турнеја, а тие се возеа кон Сакраменто за да настапат.
Тие изјавија дека „изгубиле многу лична опрема“, но сепак можеле да настапат бидејќи им останале музичката опрема и инструментите.
Во соопштението на социјалните мрежи се вели:
„Само што ме ограбија под закана со пиштол по 10 минути на турнеја во САД. Застанав на кафе. Трча еден човек и вели дека некои момци упаѓаат во нашето комбе. Трчам да се обидам да ги запрам и наоѓам маскирани момци кои пребаруваат низ комбето. Почнувам да се дерам и тие извадија пиштол. Одговорот на полицијата беше „поднеси пријава онлајн“, се пожалија од Спортс Тим.
Велат дека изгубија многу лична опрема, но не ги загубија инструментите, па вечерта отидоа во Сакраменто да свират.
Пејачот Алекс подоцна за Би-Би-Си изјави: „Очигледно, ако некој влече пиштол, трчате за да се заштитите, но она што ме погоди во врска со тоа беше резервата. Луѓето околу нас воопшто не беа во паника. Тоа изгледаше како секојдневна појава“.
Бендот соопшти дека ограбувачите биле насочени кон електрониката и ги изгубиле сите нивни пасоши, документи и куфери со облека.