Фото: Твитер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е „целосно подготвена“ да почне преговори за пристапување во Европската Унија.

-Одржав состанок за Европската Унија и нашите интеграции. Треба да ги започнеме преговорите за членство оваа година. Украина е целосно подготвена за тоа. Ние го правиме она што е потребно од наша страна – рече Зеленски во видео обраќање.

Тој додаде дека Киев, во исто време, прави се што е можно за тоа и Европската Унија да биде целосно подготвена, „точно оваа година“. Зеленски изјави дека разговарал со военото раководство за тоа „каде одиме напред и каде украинските сили се во дефанзива“.

-Во сите области првата задача е да се уништат што е можно повеќе окупатори, нивната опрема, залихи, магацини и штабови. Русија мора да губи секој ден – тоа е фер – рече украинскиот претседател.