Фото: Пиксабеј/Илустрација

Во епидемијата на треската Денга во Мали, починаа 21 лице, а има повеќе од 600 нови случаи, соопштија денеска властите во таа западноафриканска земја.

Денга треската е вирусна инфекција која се шири од комарци, која предизвикува болест слична на грип, а во тешки случаи може да предизвика болки во зглобовите, отечени жлезди, тешко крварење и смрт.

Владата на Мали сè уште официјално не објави никакви информации за болеста, ниту дали побарала помош од Светската здравствена организација (СЗО).

Во Мали, каде вооружените групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава војуваат со државата, а има и голем број раселени лица, епидемијата на Денга треската ја влошува хуманитарната ситуација.

Официјални лица во Мали изјавија дека треската се појавила и во Буркина Фасо и Сенегал.

СЗО објави рекорден број случаи на Денга оваа година во Бангладеш и во Америка, каде што се пријавени повеќе од 300 илјади случаи.

Научниците проценуваат дека секоја година има околу 96 милиони случаи на инфекции со Денга во светот