Украинската војска денеска извести за жестоки борби на истокот на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк.
-Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите за целосно окупирање на регионите Луганск и Доњецк – соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.
-Жестоките борби продолжуваат – се вели во соопштението.
Фокусот на руските сили во регионите Луганск и Доњецк доаѓа додека украинската војска води голема контраофанзива чија цел е да ја врати украинската територија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека долгоочекуваната контраофанзива започнала.
-Во Украина се случуваат контраофанзивни и одбранбени дејствија, но нема да кажам детално во која фаза се – рече Зеленски.
Тој додаде дека најтешките битки се водат на источниот и јужниот фронт.