Фото: Твитер/Министерство за одбрана на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е способна со проектил да погоди цел на оддалеченост од 700 километри. Тој на Телеграм објави дека постојат докази за успешна употреба на оружје со долг дострел.

Зеленски потенцира дека тоа се проектили од украинско производство, а не од западните партнери, за кои постои услов да не се користат на руска територија.

Москва е оддалечена околу 675 километри воздушна линија од градот Харков, кој е под украинска контрола.