Илустрација / Фото: Пиксабеј

По пукањето на Државниот Универзитет во американската сојузна држава Мичиген со најмалку три жртви, изгледа осомничениот напаѓач си пресудил и себеси – полицијата на прес конференција ноќта кон вторник соопшти дека неговото тело е најдено надвор од универзитетскиот кампус. За идентитетот на лицето кај кое е констатирана самонанесена рана од огнено оружје нема податоци, а засега не е познат ни неговиот мотив. Полицијата претпоставува дека осомничениот убиец дејствувал сам и исклучува натамошна опасност за јавноста.
Напаѓачот во понеделникот вечерта отворил оган во една од салите во универзитетот, а кратко потоа следел втор напад на друго место во кампусот. Полицијата соопшти дека пет лица се пренесени со повреди во болница, дел од нив се наоѓаат во животна опасност. Повеќе згради се евакуирани. Првично издаденото предупредување до сите студенти и вработени во универзитетот, да бегаат или да се сокријат, по смртта на напаѓачот е укинато.

На Државниот универзитет Мичиген, според официјалната веб-страница, студираат повеќе од 50.000 туденти, а кампусот во градот Ист Ленсинг се протега на преку 21 квадратен километар.