Швајцарија отфрли две барања од Германија за извоз на швајцарска муниција во Украина, наведувајќи ја како причина нејзината неутралност во конфликтот меѓу Русија и Украина.
Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија потврди дека на двете прашања од Германија – дали муницијата добиена од Швајцарија може да се испрати во Украина, „билп негативно одговорено со забелешка за швајцарската неутралност“.
На Германија и е потребна согласност од Швајцарија за испорака на оружје, што е пропишано со договорот за продажба.
Швајцарија одби да коментира каков тип муниција Германија сака да испрати во Украина.