Северна Кореја истрела балистичка ракета преку Јапонија, првпат по пет години. Лансирањето беше петто во изминатиот период и следуваше по заедничките воени вежби на САД, Јужна Кореја и на Јапонија
Ова беше прва севернокорејска ракета што следеше таква траекторија од 2017 година, а нејзиниот проценет досег од 4.500 километри можеби е најдолгата дистанца за пробен лет. Исто така, честопати се лансираат високо во вселената за да се избегне прелет над соседните земји.
Јапонската влада ги предупреди граѓаните да се засолнат и привремено суспендира некои железнички услуги во северниот дел на земјата додека проектилот минуваше над нејзината територија пред да падне во Тихи Океан.