Фото: Џо Бајден/инстаграм

Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до светските лидери на Генералното собрание на ОН да застанат на страна на Украина и додаде дека се надева дека и републиканците во Конгресот ќе забележат.

– Русија верува дека светот ќе се замори и ќе дозволи да биде брутално во Украина без последици. Ако дозволиме Украина да се подели, дали независноста на која било нација е доведена во прашање? – рече Бајден во говорот на Генералното собрание на ОН.

Бајден доби аплауз кога рече дека Соединетите Држави и нивните сојузници ќе застанат покрај борбата за слобода на Украина.

– Само Русија сноси одговорност за оваа војна. Само Русија има моќ веднаш да ја заврши оваа војна – рече Бајден.

Бајден рече дека САД „го засилија Г-20 како витален форум со прифаќањето на Африканската Унија како постојан член“.

Во својот говор тој се повика на „пресвртна точка во светската историја“, со референца дека се води битка меѓу демократијата и автократијата, една од неговите омилени фрази, земајќи си улога на историска личност.

-Народе, соработка и партнерство. Ова се клучевите за пргрес во предизиците кои сите нас не засегаат – порача Бајден.

Во својот говор тој ја истакна и потребата од справување со климатските промени. Во врска со Кина, Бајден се спротистави на идејата за натпревар во стилот на Студената војна , истакнуваји ги „општите ефекти“ и другите предизвици.

-Со Кина бараме де-рискирање, не одвојување, истакна тој, употребувајќи го познатиот манир на израз на неговата администрација кога се зборува за политиката во однос на Кина.