Американското издание на порталот „Политико“ објави дека американската влада му дала рок на Израел до крајот на годината да ги запре нападите врз Газа.
Повикувајќи се на тројца неименувани функционери во Израел, „Политико“ пишува дека „Администрацијата на Џо Бајден му даде рок на Израел до крајот на годината да ги прекине нападите врз Газа“.
Се наведува дека овој рок го истакнал и американскиот државен секретар Антони Блинкен при неговата посета на Тел Авив на 30 ноември.
Беше објавено дека израелските власти ги споделиле со Блинкен своите „месечни планови“ за напади во Газа, на што Блинкен наводно одговорил „немате толкав кредит“.
„Волстрит џурнал“ објави дека за време на посетата Блинкен дал оценка во израелскиот воен кабинет дека „нападите треба да завршат за неколку недели, а не месеци“.