Русија повика експерти од Обединетите нации и Црвениот крст да ја истражат смртта на десетици украински воени затвореници во затвор што го држат проруските сепаратисти, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Министерството во соопштението наведува дека се постапува „во интерес на спроведување објективна истрага“ за нападот на затворот на почетокот на оваа недела.

Сепаратистите рекоа дека се убиени 53 затвореници и го обвинија Киев за гранатирање на затворот.

Вооружените сили на Украина ја отфрлија одговорноста, велејќи дека руската артилерија го гаѓала затворот за да го прикрие злоставувањето на затворениците.