Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека украинската армија започнала контраофанзива долж фронтот.
-Во Украина се одвиваат контраофанзивни и одбранбени акции – рече Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Тој не сакаше да даде детали за фазата на контраофанзивата.
Неговите коментари оставија отворени прашања за тоа дали ова е почеток на долгоочекуваната украинска контраофанзива за заземање на украинските територии под Русија.
Трудо, кој пристигна во Киев претходно на 10 јуни во ненадејна посета, најави нов пакет воена помош од 500 милиони канадски долари (375 милиони американски долари) и рече дека Канада ќе учествува во мултинационалните напори за обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16.