Фото: Принт-скрин

Демонстрантите во Отава се замаени од чувството на корист од нивното дејствување, но локалните жители на главниот град на Канада ги гледаат протестите како навредливи, а дури и опасни, пишува „Њујорк тајмс“.

Големите камиони се поставени на улиците протегајќи се во колона долга околу еден и пол километар, пред владините установи. Меѓу нив се наоѓаат демонстрантите кои носат канадски знамиња и палки за хокеј. Во импровизираните кампови има мноштво шатори и места каде што се послужува храна.

– Ова не е мојот град – вели 45-годишната Ели Чартерс која живее во Отава.

Од почетокот протестот привлече многумина со екстремно десничарски и антивладини убедувања, при што можеа да се забележат и барам две знамиња со нацистичкиот кукест крст во толпата.

Демонстрантите бараат и распуштање на парламентот и заминување на премиерот Џастин Трудо од функцијата. Многумина веќе се откажаа од протестот, но стотици камионџии не попуштаат, држејќи ги нивните возила паркирани во изминатите две недели. Тие создаваа бука со сирени и до 16 часа дневно во првите 11 дена од протестот, пред да стивнат.  Многумина од демонстрантите порачуваат дека нивните намери се мирни.

– Сите ние тука сме семејство. Тие велат дека сме насилни, расисти, поддржувачи на белата надмоќ и терористи. Но, тоа воопшто не е случајот. Ние се обидуваме да шириме љубов и мир – вели 24-годишниот пчелар Џозеф Ричард кој учествува во демонстрациите.

Кадата пред канадскиот парламент беше премногу за Трудо

Локалните жители, пак, се жалат дека биле малтретирани на улиците, наведувајќи дека се чувствувале исплашени, со што градоначалникот на Отава прогласи вонредна состојба.

Канадската редовна полиција, во соработка со коњаничкиот полициски одред, ги потисна толпите демонстранти со намера да ги отстрани од улиците во центарот на Отава, при што беа уапсени повеќе од 100 луѓе.

Полициските сили ги поместуваа возилата кои повеќе од три недели го блокираа центарот на канадскиот главен град за време на протестите против епидемиолошките мерки и ограничувањата.

Поради страв од ескалација на протестите и насилството, полицијата во Отава се обиде да ги растера демонстрантите со изрекување мандатни парични казни на лице место и заканувајќи им се со апсење, додека стотици полицајци паралелно ги расчистуваа централните делови на градот и покрај ниските температури и свежо наврнатиот снег.

Во текот на денот имаше тензични моменти кога дел од демонстрантите беа насилно извлекувани од возилата, а други, кои се противеле на полициските наредби, беа фрлани на земја со врзани раце. Во полициското соопштение се наведува дека демонстрантите се однесувале насилнички, принудувајќи ја полицијата да интервенира.

Во протестот на т.н. „Конвој на слободата“, од 28 јануари учествуваат околу 360 камиони и возила, односно неколку стотици демонстранти поддржани финансиски од донатори од САД и од Канада.

Повод за протестот беше револтот против барањето на канадските власти за вакцинација на возачите на камиони кои ја минуваат границата со САД, но прерасна во поширок облик на негодување против превентивните мерки, односно против владата на Трудо.