Доколку Западот му дозволи на Киев да изврши напади длабоко на руска територија, одговорот на Русија ќе биде неизбежен и погубен за Западот, изјави официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Нејзината изјава доаѓа по пишувањата на британските медиуми за намерата на премиерот на земјата, Кир Стармер и на претседателот на Франција, Емануел Макрон, да се обидат да го убедат актуелниот американски лидер Џозеф Бајден да му дозволи на Киев ракетен напад со ракетите „Сторм шадоу“ длабоко на руска територија пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Како што изјавија, во Лондон се надеваат дека Белата куќа ќе се согласи на тој чекор.
– Доколку режимот во Киев добие дозвола за овие напади, тоа ќе го сметаме за „де факто“ влез на земјите од НАТО во директен вооружен конфликт со Русија. Тоа ќе ја промени суштината на конфликтот и неговата природа со сите последици. Одговорот на употребата на западните системи со долг дострел за напади на територијата на нашата земја ќе биде неизбежен и деструктивен за нив – предупреди Захарова.
Според неа, украинските профили на социјалните мрежи во меѓувреме шпекулираат дека режимот на Зеленски има намера да ги промени ознаките на западните ракети и да ги претстави како проектили од украинско производство, па со нив да ја гаѓа Русија.
-Ова не е ништо друго освен крвава измама, се во стилот на Зеленски и на целата банда. Но, добро знаеме дека тоа е невозможно без одобрение на патронот. Сакаме да ги потсетиме Вашингтон, Париз, Лондон, Брисел дека продолжуваат да си играат со оган – нагласи Захарова.
💬 #Zakharova: We would like to remind Washington, London, Paris and Brussels 👉 they are playing with fire.
❗️ We will regard this [approving Kiev regime’s strikes deep into our territory] as NATO’s de facto entry into a direct military conflict with Russia. pic.twitter.com/LSAw6D4bdC
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) November 13, 2024