Фото: Дмитриј Медведев/фејсбук

Дмитриј Медведев, смета дека одложувањето на претседателските избори во Украина може да биде поврзано со фактот дека на виделина би можеле да излезат нови случаи на неверојатна кражба, а Зеленски сака самостојно да управува со сите пари.

– Конечно паднаа маските. „Радата“ ги откажа претседателските избори. Зашто додека војната трае до последниот Украинец – нема избори, има само Зеленски. И обратно, изборите за нив се неславен крај, бидејќи е веројатна појавата на конкуренти, што е крајно опасно во услови на неуспешна „контра-офанзива“ со голем број жртви; ќе се откријат нови случаи на безобразна кражба; Странските спонзори ќе почнат да си ги ставаат јајцата во различни корпи, а тој сака сам да управува со сите пари – напиша Медведев на „Телеграм“.

Медведев нагласи дека на крајот таква „Украина“ нема да има „претседател“, ниту таков „претседател“ ќе има „Украина“.

Парламентарните избори требаше да се одржат на крајот на октомври, но нивното одржување беше невозможно, бидејќи од февруари минатата година во земјава беше воведена воена состојба и неколку пати беше продолжена.

Според уставот, претседателските избори во Украина треба да се одржат во пролетта 2024 година, но во украинските медиуми веќе подолго време се зборува за можноста за нивно откажување или одложување. Според процедурата, властите треба да распишат избори три месеци однапред, односно до крајот на декември.