Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Дејвид О’Брајан, кој е во посета на Скопје поради учеството на дводневниот Министерски совет на ОБСЕ.

На средбата, Мицкоски посочил дека членството на земјава во Европската Унија е нејзин стратегиски интерес, но од интерес, исто така, изаштита на националните и идентитетски обележја, стои во соопштението од партијата.

 – Соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратегиското партнерство на САД со Македонија – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Меѓу другото, Мицкоски ја афирмирал потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.

Освен американскиот дипломат и лидерот на опозицијата, на средбата биле присутни и амбасадорката Анџела Агелер и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, биле отворени повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми.