Гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, кој беше советник во кампањата на Трамп во 2016 година и подоцна стана гласен критичар на поранешниот претседател, денеска би требало официјално да ја објави својата кампања за 2024 година.
Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој го навлече гневот на Трамп одбивајќи да ги поддржи неговите напори да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година, треба да влезе во трката против својот поранешен шеф утре.
Покрај нив, гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум, кој го отслужува својот втор мандат како главен функционер на ретко населената држава, се очекува да ја започне својата кампања со најава, исто така утре.