Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси агент на украинската служба за безбедност на Крим, поради тоа што, наводно, планирал да подметне бомби на објекти на руската енергетска мрежа.
– Федералната служба за безбедност спречи акт на саботажа, што го смислија украинските специјални служби, на објект на енергетската инфраструктура на Крим – соопшти прес-службата на ФСБ – јавија руски медиуми.
ФСБ информира и дека уапсениот 44-годишен украински државјанин, кај кого се пронајдени три експлозивни направи и детално упатство со мапа каде се обележани енергетските објекти, е одведен во притвор на понатамошно испрашување.