Фото: Твитер/Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен изјави денеска дека единствениот начин да се гарантира безбедноста на Израел е формирањето на палестинска држава.

– Тоа е најдобриот пат, можеби единствениот – две држави за два народа. Тоа е единствениот начин да се гарантира трајна безбедност за еврејскиот и демократски Израел и единствен начин да се гарантира дека Палестинците ќе ги реализираат своите легитимни аспирации за сопствена држава – рече Блинкен по средбата со израелските лидери во Тел Авив.

Тој претходно изјави дека Израел има право и должност да се заштитува, за да гарантира дека нападот од 7 октомври никогаш повеќе нема да се повтори. Ова е негова втора посета на Блискиот Исток по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

– Остануваме убедени дека Израел има не само право, туку и должност да се заштитува и да направи се што е во негова моќ, за да не се повторат нападите од 7 октомври“ врз палестинското исламистичко движење против еврејската држава – рече Блинкен по состанокот со израелскиот претседател Јицак Херцог.

Американскиот државен секретар изутрината се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој денеска е во Израел, а викендот ќе го посети Јордан.

Нетанјаху: Нема привремено примирје во Газа без ослободување на заложниците

Во кратката телевизиска изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен, нагласил оти отфрла каков било привремен прекин на борбата против Хамас што не вклучува ослободување на израелските заложници


Нетанјаху: Нема привремено примирје во Газа без ослободување на заложниците

Во кратката телевизиска изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен, нагласил оти отфрла каков било привремен прекин на борбата против Хамас што не вклучува ослободување на израелските заложници.

Тој, исто така, посочи дека Израел „нема да дозволи влез на гориво во Газа“.

Нетанјаху даде ветување дека победата ќе биде „остра и јасна“ и „ќе одекнува со генерации“.

Израелскиот премиер ги предупреди „непријателите на Израел на север“ да не ја прават скапата грешка со ескалација на војната.

– Не можете да замислите колку ќе ве чини тоа, истакна Нетанјаху.