Фото: Илустрација - принтскрин/Jутуб

Пентагон потврди дека САД вршат невооружени летови со беспилотни летала над Појасот Газа за да помогнат во напорите за лоцирање на околу 240 заложници кои ги држи Хамас

– Во поддршка на напорите за откривање на заложниците, САД спроведуваат невооружени летови на беспилотни летала над Газа, како и обезбедуваат совети и помош за поддршка на нашиот израелски партнер додека работат на нивните напори за враќање на заложниците – истакна портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.