ДРИС ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, соопшти организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години.
Форумот за права (The Rights Forum) соопшти двојката починала во понеделникот и ќе биде погребана на приватна церемонија во источниот град Нијмеген.
– Тој почина рака под рака со својата сакана сопруга Еугени ван Агт-Крекелберг, неговата поддршка и сидро повеќе од 70 години и која секогаш ја нарекуваше ’моја девојка‘ – се вели во соопштението на невладината организација.
Двајцата веќе некое време биле со нарушено здравје. Во 2019 година, Ван Агт доживеа мозочно крварење додека држеше говор на комеморација за Палестинците и никогаш целосно не закрепна. Христијанскиот демократот, кој стана сè попрогресивен откако ја напушти политиката, на крајот ја напушти својата партија поради разликите околу нејзиниот пристап кон односите меѓу Израел и Палестинците.